Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, го одигра првиот натрпевар на АТП турнир и веднаш направи скандал.
Во мечот од првото коло во турнирот во Дубаи тој играше против младиот италијанец Лоренцо Мусети и лесно стигна до победа со резултат 6-3, 6-3 во натпревар кој траеше нешто над еден час. Сепак тој во шестиот гем направи скандал кога се развика кон делот каде што седеше неговата сопруга Јелена, а таму беше сместен и неговиот тим.
Тој им се обрати со зборовите „Зборувајте, е*ате, зборувајте“ на што Горан Иванишевиќ му возврати со насмевка.
Нервозната реакција на Ѓоковиќ се случуваше во моменти кога тој се трудеше да го скрши отпорот на младиот италијанец.