Негативен на мајмунски сипаници е тестот на мигрантот од Сирија, кој беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, рече кусо за Плусинфо д-р Милена Стевановиќ.
Во 15 часот на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ ќе ја информира јавноста во врска со овој случај, како и за првиот сомнителен случај од Кичево, за кој сѐ уште се чекаат резултати.
Сириецот е еден од повредените во вчерашната сообраќајна несреќа кога камион со 49 мигранти излета од патот кај Марвинци. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бидејќи бил суспектен на мајмунски сипаници.