Младиот пар минатиот викенд вплови во брачните води, а нивните богати семејства потрошија милиони фунти за венчавката.
Поради раскошот во кој се одржа венчавката, Никола Пелц и Бруклин Бекам ги критикуваше јавноста дека не ги почитувале семејствата кои страдаат за време на војната во Украина.
Двојката имаше традиционална еврејска церемонија за време на која Бруклин со пета скрши чаша во салфетка, а нивниот прв бакнеж траеше шест секунди.
За венчавката добија електричен „јагуар“ од 1954 година, вреден 350.000 фунти од Дејвид и Викторија Бекам.
Пред венчавката потпишаа предбрачен договор, за да ги заштитат милионите кои лежат на сметките на нивните родители. Богатството на таткото на Никола се проценува на 1,7 милијарди долари, а Бекамови имаат трипати помалку.