More

    Неверојатна глетка на замрзнатите водопади на Нијагара

    spot_img

    Делови од Северна Америка беа зафатени од ледени денови со рекордно ниски температури, а Нијагарините водопади беа речиси замрзнати.

    Оваа глетка на речиси замрзнати водопади во источниот дел на Северна Америка, на границата меѓу САД и Канада, предизвика воодушевување кај посетителите, а на фотографиите и видеата направени од воздух може да се забележи дека изгледаат како зимска бајка.

    Секоја секунда се слеваат неверојатни 3.160 тони вода по Нијагарините водопади, што значи дека целосното замрзнување е невозможно поради огромниот волумен на вода. Наместо тоа, површинските води и маглата често замрзнуваат, пишува New York Post.

    Арктичката зимска бура што го погоди поголемиот дел од средниот запад и северниот дел на САД однесе 63 животи.

    Екстремните временски услови за време на викендот ја спуштија температурата под нулата, а најлоша беше ситуацијата во Бафало, на околу 40 километри од Нијагарините водопади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img