Ако знаете кои видови храна може да се чуваат заедно, а кои не треба да бидат блиску еден до друг, тогаш ќе го продолжите рокот на траење на вашата храна. Во принцип, не чувајте овошје или зеленчук чувствително на етилен со овошје или зеленчук што произведува многу гас, вели Џон Адлер од американската компанија за храна Blue Apron.
„Веројатно најдобриот пример за ова е складирањето кромид со јаболка бидејќи ќе завршите со јаболка што мирисаат на кромид. Или, друг подобар пример се компирите и кромидот. Складирањето на кромидот и компирот заедно ќе го забрза процесот на зреење на компирот, а со тоа и побрзо расипување или ртење. Ова важи и за лукот, и покрај тоа што компирот, кромидот и лукот треба да се чуваат заедно на ладно и темно место“, објасни тој.
За пример ги издвои јаболката. Тие, вели, ослободуваат многу етилен, па не сакате да ги чувате во сад со друго овошје.
„Обидете се да ги држите најмалку 15 до 20 сантиметри подалеку од друго овошје и зеленчук. Има еден исклучок од овие правила, а тоа е ако сакате некое овошје да созрее побрзо, како незрели банани, тогаш ставете ги јаболката блиску“, откри тој.
Како јаболката и зрелите банани, дињите исто така произведуваат многу етилен.
Чувајте го карфиолот подалеку од јаболка, киви и кромид
„Карфиолот е многу чувствителен на етилен, па затоа е најдобро да не го чувате во иста фиока со јаболка, дињи, киви или кромид“, вели Адлер.
„Нејзе и треба и циркулација на воздухот за да остане свежа, па погрижете се ако е во торба, да има отвори за воздух. Карфиолот најдобро се чува во фиока во фрижидер со друг зеленчук, или на полица. Истото важи и за брокулата, зелката и бриселското зелје, кои се чувствителни на етилен“, објаснува овој експерт.
Чувајте ги печурките подалеку од ароматична храна
„Повеќето луѓе чуваат печурки со други производи во фрижидер. Но, треба да знаете дека тие се подложни на впивање на посилни мириси на храната во близина, како што се остатоците од ручек, затоа држете ги подалеку од такви работи“, објаснува Адлер.
Тој напоменува дека најдобро е печурките да се чуваат во хартиена кеса, бидејќи тоа им овозможува да дишат, а покрај тоа, хартијата ја впива вишокот на влага, намалувајќи ја можноста за расипување. Тој советува да ја смените хартиената кеса во која се наоѓаат печурките кога ќе стане премногу влажна.
„Вишокот на влага и погрешната температура може брзо да ви ја расипат храната во фрижидерот“, додаде тој.
Контрола на температурата
„На пример, зеленчукот може да се загрее во вашиот автомобил по купувањето, па затоа е важно да го оставите да се смири и да дојде на собна температура. Дури потоа ставете го во фрижидер, во фиоката за зеленчук. Така нема да дојде до кондензација толку брзо“, објасни тој.
Намалување на влажноста
Зелениот зеленчук најдобро е да се измие, добро да се исуши и потоа да се чува со слоеви хартиени крпи меѓу листовите за да се спречи кондензацијата да предизвика штета“, објаснува тој, а пренесува 24сата.
Овие две групи на храна не одат заедно
Производителите на етилен се:
авокадо
јаболка
банани (зрели)
смокви
грозје
дињи
круши
праски и нектарини
пиперки
компир
домати
Чувствителни на етилен се:
банани (незрели)
брокула
бриселско зелје
зелка
морков
карфиол
краставици
лиснат зеленчук
зелена салата