More

    Не плаќаат даноци, сонуваат за „Втората Германска Империја“

    spot_img

    Последните години во Германија се сѐ поприсутни „граѓани на рајхот“, како што се нарекуваат себе си. Радикални се и насилни, што го покажа и најновиот случај на убиство на полицаец. Утринава германската полиција уапси 25-мина десничарски екстермисти меѓу кои има и членови на групата. Тие планирале државен удар, а меѓу нив е и германскиот принц Хајнрих Тринаесетти Реус од Грајц.

    Накратко, Рајхсбургерите мислат дека Германија е едноставно административна област која уште е окупирана од Западните сили. Според нив, границите од 1937 година на Германската империја, сеуште постојат. Зборуваме за т.н. „Рајхсбургер”-и, што во превод значи „граѓани на рајхот”, луѓе кои германските власти ги „окупираат“ со тужби и жалби, а често се користат и со насилство.

    „Рајхсбургер“ движењето е сочинето од помали групи и индивидуалци, а најмногу ги има во германските покраини Бранденбург, Мекленбург Предна Померанија и Баварија. Тие не ја признаваат легалноста на Сојузна Република Германија, ниту легитимитетот на државните органи.

    Тие одбиваат да плаќаат даноци и прогласуваат мали „национални територии” на своите имоти кои ги нарекуваат „Втора Германска Империја“, „Слободна пруска држава“ и „Војводство Германија“.

    Членовите на овие групи печатат пасоши и возачки дозволи на самопрогласените држави, а прават и маици и знамиња со кои ги рекламираат истите. „Граѓаните на рајхот” едноставно го игнорираат фактот дека таквите активности се нелегални и не се признаени од било кои германски власти. На своите интернет страници тие гордо ја најавуваат нивната намера „да ја водат борбата против Сојузна Република Германија“.

    фото: твитер/принтскрин

    Дали станува збор само за лудаци

    Германската служба за заштита на уставниот поредок проценува дека има само неколку стотини „граѓани на рајхот” во Германија. Се проценува дека во покраината Бранденбург ги има 150 до 200. Повеќето се мажи, во просек имаат над 50 години и често потекнуваат од социјално загрозени сегменти на општеството. Повеќето „граѓани на рајхот” следат десничарско популистички, антисемитистички и нацистички идеологии.

    Растечкото радикализирање на оваа група на луѓе е загрижувачко и претставува проблем. Радикализирањето започнува со поднесување безброј барања, жалби и приговори кон одлуките за наплата и судските одлуки кои им се упатени. Независно од содржината и нивната издржаност, властите се задолжени да ги обработат сите уредно пополнети и формално испратени барања кои ги добиваат.

    Градоначалниците од повеќе општини изразија незадоволство дека и покрај тоа  што треба да се занимаваат со беспотребна работа, тие често се напаѓани од страна на „граѓаните на рајхот“, вербално и физички. „Граѓаните на рајхот“ често ги снимаат таквите напади и ги поставуваат на интернет. Во Баварија, група „граѓани на рајхот“ упадна во судница и украде документи од бирото на судијата.

    Вработените во општинската админстрација во Витенбург, во покраината Мекленбург Предна Померанија имаа тренинг за подигнување на безбедноста, за во иднина да можат да се справуваат со ваквите напади. Од тогаш, сите остри предмети од нивните бироа беа отстранети, а вратите во административната зграда се секогаш заклучени. Во меѓувреме Бранденбуршкиот институт за советување на локалните заедници состави водич за справување со „граѓаните на рајхот“ за вработените во администрацијата. Еден од нивните предлози е: „Никогаш не се обидувај да ги советуваш”.

    Екстремни акти на насилство 

    Во последно време „Граѓаните на рајхот“ добиваат се повеќе внимание во јавноста поради актите на насилство. Оваа пролет, на еден полицаец му се закануваа со нож. Оваа есен, полицијата мораше да интервенира во еден случај на присилно иселување во Саксонија-Анхалт за да биде спречен вооружен конфликт. Во истата покраина, во Ројден, еден „граѓанин на рајхот“ пукаше кон полицијата од неговата самопрогласена независна територија наречена „Државата Ур“.

    „Граѓани на рајхот“ постојано се вооружуваат, а при претрес на нивните домови полицијата постојано пронаоѓа големи количества на оружје и муниција. Во Хикстер, Северна Рајна Вестфалија, група „граѓани на рајхот“ од самопрогласената независна територија „Слободна покраина Прусија” се обиде да формира сопствена милиција со криумчарење на оружје од други земји.

    „Германската организација за помош на полицијата” во Мајсен, Саксконија која е блиска и поврзана со „граѓаните на рајхот“ сака да воспостави сопствени сили за зачувување на редот и мирот. Сепак, реагираше надлежниот суд и дел од членовите на групата ги осуди на затворски казни во времетраење до 2 и пол години за кривични дела поврзани со изнудување и лишување од слобода и физички напад.

    Во средата, полицаец беше тешко ранет за време на рација во домот на 49 годишен „граѓани на рајхот“ во Георгесминде, Баварија, а подоцна им подлегна на повредите. Властите велат дека човекот кој бил ловец имал дозвола за неговото оружје, но бил прогласен за непресметлив и поради тоа не смеел повеќе да го поседува оружјето. Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман најави дека во иднина одблизу ќе ги набљудува „граѓаните на рајхот“.

    Извор: Дојче Веле

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img