More

    Не мора да умирате за Путин, вие сте само топовско месо

    spot_img

    Во Русија приведени уапсени се најмалку 109 демонстранти, кои протестираат против мобилизацијата. Во сибирскиот град Иркутск, според локалните активисти, приведени се најмалку десетина од 60-те демонстранти кои се собраа на централниот плоштад, јавува МИА.

    Во третиот по големина руски град Новосибирск, на видео објавено на социјалните мрежи се гледа како демонстрант извикува: „Не сакам да умрам ниту за Путин ниту за тебе!”

    Организатор на протестите е руското движење „Весна” (Пролет), кое денеска повика на протести против мобилизацијата што ја најави претседателот Владимир Путин. На социјалните мрежи се објавени  видеа од протести во источниот дел на Русија, во  во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.

    Московското обвинителство соопшти дека учеството во протести и недозволени „масовни настани” е казниво дело што може да резултира со „до 15 години затвор”.

    Полицијата фрла луѓе на земјата и ги апси во повеќе градови во Русија каде тие почнаа да се собираат попладнево, сугерираат снимки објавени на социјалните мрежи. Антивоеното движење „Весна“(Пролет) ги повика луѓето да се бунтуваат, по одлуката на Путин да мобилизира 300.000 жители од руралните средини, јавува Мондо.

    „Не мора да умирате за Путин. Во Русија ви требаат оние кои ве сакаат. Вие сте само топовско месо за властите и ќе бидете потрошени без никаква смисла или цел“.

     

     

     

    Наводно, од почетокот на војната во Украина, во Русија се приведени над 15 илјади луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img