Агентот на Брус Вилис ги демантираше медиумските написи дека холивудскиот актер ги продал правата на својот лик на компанија која се занимава со „deepfake“ технологија.
Технологијата Deepfake користи вештачка интелигенција за да создаде реални видеа, обично од познати личности или политичари. Многу медиуми објавија дека Брус Вилис потпишал договор со компанија наречена „Deepcake“ за продажба на правата на неговиот лик, пишува Би-Би-Си.
Сепак, вистината е дека „дипфејкот“ на Брус Вилис беше искористен во реклама за Мегафон, руска телекомуникациска компанија, минатата година, наведува Би-би-си.
Технологијата користена во рекламата е развиена од Deepcake, која вели дека соработувала со тимот на Вилис на рекламата.
Треба да знаете дека Брус нема никакво партнерство или договор со таа компанија „Deepcake““, изјавил агентот на славниот актер за Би-Би-Си.
Тој се уште не одговорил на прашањето на британската служба дали Вилис некогаш соработувал со „Дипкејк“.
Самата компанија потврди дека извештаите дека Дипкејк ги купил правата за ликот на Брус Вилис се лажни.
„Не е точна формулацијата за правата… Брус не може никому да ги продаде тие права, тие се само негови“, изјави претставник на компанијата.