More

    Најтажната принцеза на светот“ ги објави првите фотографии

    spot_img

    Принцезта Шарлин од Монако сподели велигденски фотографии на својот инстаграм-профил. Таа позираше со сопругот, принцот Алберт и децата. Ова се првите фотографии кои принцезата, која ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“, ги сподели по враќањето од психијатриска установа.

    Во коментарите нејзините следбеници и пријатели ѝ го честитаа Велигден и напишаа дека се надеваат дека добро закрепнува.

    „Среќен Велигден. Се надевам дека се опоравувате за да можете повторно да уживате во животот и семејството. Сѐ започнува со тоа да бидете здрави“, „Прекрасни. Бидете среќни и здрави“, „Мило ми е што се вративте дома“, некои се од коментарите.

    На една од фотографиите објавени на инстаграм-приказната, принцезата седи со семејството во црквата.


    Шарлин се врати во Монако минатиот месец откако помина четири месеци во установа за ментално здравје. По нејзиното враќање, палатата соопшти дека Шарлин е подготвена да ги продолжи своите кралски должности со сопругот принцот Алберт и децата близнаците Жак и Габриела.

    „Нејзиното враќање дома е резултат на големата грижа што ја имаше на клиниката и сето тоа беше одобрено од нејзините психијатри“, велат од палатата.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img