Во април оваа година почина новородениот син на Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез. Двојката очекуваше близнаци, но нивниот син почина за време на породувањето, а девојчето преживеа. Георгина сега проговори за трауматичниот настан.
Таа позираше за насловната страница на јануарското издание на шпанскиот магазин „Ел“ и рече дека 2022 година била „најкомплицираната година во нејзиниот живот“ и дека никогаш нема да ја заборави.
„Оваа година ми беше најкомплицирана во животот, најсреќниот момент стана и најтажен. Тоа е нешто што ќе ме следи до крајот на мојот живот и што нема да можеме да го заборавиме“, рекла Георгина која вели дека нејзиниот децата се најважното нешто во нејзиниот живот и дека поради нив се чувствува среќно.
Што се однесува до односот со португалскиот фудбалер, Георгина вели дека е свесна дека тоа ѝ овозможило да исполни некои од нејзините соништа.
„Јас сум девојка на најдобриот фудбалер на светот, но нема потреба луѓето, а многу од нив се жени, да го користат тоа на погрден начин“, рече таа.
Да потсетиме, во октомври 2021 година, двојката откри дека чекаат близнаци, но нивниот син почина за време на породувањето на 18 април, додека нивната ќерка Бела Есмералда, која сега има осум месеци, преживеа. Парот ја има и ќерката Алана (5), додека 37-годишниот Кристијано го има синот Кристијан Помладиот (12) и близнаците Ева и Матео (5), кои ги родиле сурогат-мајки.