Најмалку десет лица загинаа, додека 30 се повредени во пожар кој синоќа избувна во хотел-казино во градот Попе на западот на Камбоџа, соопшти камбоџанската полиција.
Сликите споделени на социјалните мрежи покажуваат голем хотелски комплекс зафатен во пламен, а дел од луѓето се обидуваат да излезат низ прозорците.
Повредените се пренесени во болниците во соседната тајландска провинција Сао Каео, изјави извор од Министерството за надворешни работи на Тајланд.
– Властите се обидоа да го стават под контрола пожарот со помош на противпожарни возила кои дојдоа од Тајланд- изјавил тој.
Еден од тајландските спасувачи изјави дека пожарот брзо се проширил во катниот хотел-казино, поради теписонот на подот.
Според полицијата, околу 400 луѓе работат во хотелот Гранд Димон Сити.
Во моментот на пожарот во зградата имало странски државјани.
Голем број на казина се појавија во Попет, каде што тајландската клиентела доаѓа и игра легално, бидејќи казината се забранети во Тајланд.