Најмалку 12 лица загинаа, а 25 се ранети во руските напади во централна Украина, соопшти украинската служба за итни случаи.
Цел на нападот била Виница, град кој до сега бил донекаде поштеден од борбите.
„Во 12:15 часот (9:15 часот по Гринич) 12 загинати и 25 повредени“, објавија украинските служби за итни случаи на Фејсбук.
Како што се додава, пожарите предизвикани од нападите се гаснат.