More

    Најлошиот начин можете да го подготвите зеленчукот

    spot_img

    Зеленчукот има бројни здравствени придобивки. Позитивно делуваат на здравјето на срцето, коските, очите и слично.Доколку не сте голем љубител на зеленчук, тоа не би требало да претставува проблем бидејќи постојат многу начини на кои можете да го подготвите.

    Сепак, колку и да е зеленчукот здрав, постојат начини на кои можете да го подготвите кои се лоши за вашето тело. Нутриционистката Моли Хембри за Eatthis вели дека еден од најлошите начини да се подготви зеленчук е да се пржи.

    „Постојат многу начини на кои може да се подготви зеленчук кои не се добри за вашето здравје, вклучително и пржена храна“, вели Хембри.

    Хембри продолжува да наведува дека иако зеленчукот ги задржува хранливите материи, она што го додавате на нив е она што е лошо за вашето тело.

    „Не е неопходно да се губат хранливи материи со подготовка на зеленчук, проблемот е што луѓето мислат дека јадат нешто здраво, но во зеленчукот додаваат многу рафинирани масла, сол, шеќер и слично.

    Бројни истражувања покажаа дека консумирањето пржена храна е поврзано со многу здравствени ризици. На пример, редовното консумирање на пржена храна е поврзано со поголем ризик од смртност кај жените во Велика Британија, според студијата во Британскиот медицински журнал.

    Исто така, истражувањето објавено во списанието Nutrients покажа дека јадењето пржена храна неколку пати неделно е поврзано со зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2, проблеми со срцето, дебелина и хипертензија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img