Најголемиот светски производител на луксузни стоки LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy) забележа пораст на приходите од 28 отсто во првата половина од годината во споредба со истиот период минатата година, при што сите деловни сегменти постигнаа раст на приходите.
Нето добивката на компанијата во првата половина од годината е зголемена на 6,53 милијарди евра, наспроти 5,30 милијарди евра во истиот период лани.
Вкупните приходи се зголемија на 36,73 милиони евра во првата половина од годината, наспроти 28,67 милијарди евра во истиот период лани.Приходите во сегментот на вино и алкохолни пијалоци скокнаа за 23 отсто во однос на првата половина на 2021 година, на 3,33 милијарди евра, а во модата и производите од кожа за 31 отсто, на 18,14 милијарди евра.
Сегментот парфеми и козметика ги зголеми приходите за 20 отсто, на 3,62 милијарди евра, а часовниците и накитот за 22 отсто, на 4,91 милијарди евра минатата година.
Во сегментот на селективна малопродажба, приходите во полугодишниот период на годишно ниво се зголемени за 30 отсто, на 6,63 милијарди евра.