Најголемиот кањон во Сончевиот систем се наоѓа на Марс, како е создаден е мистерија Површината на планетата Марс е украсена со неверојатна раседна долина „Valles Marineris“, која го претставува најголемиот систем на кањони во Сончевиот систем. Да беше на Земјата, ќе се протегаше од најсеверниот дел на Норвешка до најјужниот дел на Сицилија или речиси од едниот брег на САД до другиот. Новите фотографии, објавени од Европската вселенска агенција, откриваат колку е убава планетата Марс одблиску, со сите свои „лузни“. Некои кањони се длабоки над седум километри. Мистерија е како овие длабоки пукнатини настанале на површината на Марс, но некои теории укажуваат дека кањоните биле исечени од вода, која постоела таму пред еони. Тектонските нарушувања и ерозијата дополнително го обликуваа овој расцеп.