More

    Најава од европскиот комесар за проширување

    spot_img

    Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеjи потврди дека Босна и Херцеговина следниот месец може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.

    – Во рамките на Европската комисија ги удвоивме нашите напори да ги ставиме на маса предлозите за проширувањето. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за БиХ – рече Вархеји на прес-конференција во Барселона, каде што се одржува Форумот на 43 земји на Унијата за Медитеранот.

    Тој наведе дека со тоа даваат „нов живот на проширувањето”, но истакна дека проширувањето е процес кој бара многу.
    – Сега земјите кандидати треба прво да ги исполнат своите задачи – рече Вархеји.

    Последна земја што стана членка на ЕУ беше Хрватска во 2013 година.

    Првиот дел од Форумот на Унијата за Медитеранот, организација создадена во 2008 година, е посветен на прашањата за безбедноста на снабдувањето со храна и енергија под влијание на конфликтот во Украина. Вториот дел е посветен на безбедноста и миграцијата во соседството на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img