More

    Нафтените индекси во минус поради Кина: Ќе следи ли голем пад на цената на горивата?

    spot_img

    Економските податоци и проценките на Кина се влошија поради рестриктивните политики за време на појавата на коронавирус.Понеделник е важен ден за формирање на цената на нафтата, односно сите важни индекси забележаа голем пад. Нафтата WTI и Brent паднаа за повеќе од 5% бидејќи кинеската централна банка ги намали каматните стапки за да ја зголеми побарувачката за стоки и услуги, а нејзините економски податоци и проценки се влошија поради рестриктивните политики за време на појавата на коронавирус, пренесува HAK Review.

    Радикалните заклучувања на цели градови оставаат голема трага врз економијата. Исто така, инвестициите во недвижен имот во јули се намалени за 12,3%. Сега се очекува Кина да ја пропушти целната стапка на економски раст од 5-5,5% во втората половина од годината.

    Цените на ниво од август минатата година
    WTI падна на 87,22 долари за барел, што е намалување за 4,87 долари (-5,29%) на денот. Суровата нафта од типот „брент“ падна на 93,23 долари за барел, што е пад од 4,92 долари (-5,01%) на денот. На почетокот на руската инвазија на Украина, во првите денови на март, цената на барел нафта од типот Брент изнесуваше 139 долари. Сега цената на нафтата е на ниво од август минатата година.

    Исто така, забележан е голем пад на производството во кинеските рафинерии, што предизвикува и намалување на побарувачката на сурова нафта. Кина увезува повеќе од половина од нафтата што ја троши, главно од Саудиска Арабија, Русија, Ирак и Оман.

    Конечно, на падот на цената на нафтата влијаеше и одлуката на Иран дека во иднина може да размисли за потпишување нуклеарен договор. Иран е еден од најголемите производители на нафта во светот, а моментално е под ембарго бидејќи сè уште не го потпишал нуклеарниот договор, што легално би го спречило да развие нуклеарна бомба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img