Победникот на Австралија опен, шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои својата четврта титула на АТП тенискиот турнир во Акапулко во саботата, победувајќи го во финалето Британецот Камерон Нори со 6-4.
Надал, кој првпат ја освои титулата во 2005 година, а потоа повторно во 2013 и 2020 година, без загубен сет стигна до титулата во Акапулко. Ова е 91. титула во кариерата за 35-годишниот Шпанец.
Моментално петтиот тенисер во светот, има 15 последователни победи од враќањето на терените по проблем со стопалото поради кој минатата година паузираше речиси шест месеци. Последниот натпревар се одигра на 5 август минатата година.
Надал сега е изедначен со сонародникот Давид Ферер и Австриецот Томас Мустер по бројот на титули во Акапулко.