More

    Надал: Новак никогаш нема да биде сакан како Роџер и Рафа

    spot_img

    Тони Надал, поранешниот тренер на Рафаел Надал, а сега на Феликс Огер Алиасимо, имаше интересна опсервација зошто постои аверзија на одреден број навивачи кон Новак Ѓоковиќ, иако тој е еден од најдобрите во историјата на тенисот.

    Србинот ја освои Грен слем титулата број 22 во Австралија и се изедначи со Рафаел Надал по бројот на најголемите трофеи.

    „Проблемот е што Новак се појави во време кога веќе беше воспоставено ривалството меѓу Федерер и Надал. И луѓето ги сакаа нивните дуели. Тој беше новото дете на улица, некако ја расипуваше забавата. Исто така, неговото однесување на теренот може да биде проблематично. Ова се причините зошто тој никогаш нема да биде сакан како Роџер или Рафа“, изјави Надал.

    Тони се осврна и на реченицата на Новак „дека кога другите играчи се повредени, тие се жртви, а кога станува збор за мене, тогаш тоа е осипување“.

    „Не е потребна посебна интелигенција за да се заклучи дека второто се однесува на Рафаел, бидејќи тој беше единствениот повреден играч меѓу кандидатите за титулата“.

    И покрај тоа, Надал истакна дека ги цени сите достигнувања на Новак.

    „Тој е голем шампион. Секогаш сме имале добри односи“, заклучи Тони Надал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img