More

    Нада Топчагиќ го вратила автомобилот „ролс ројс“, дошла до заклучок дека сега нема да ѝ се исплати кога горивото поскапе

    spot_img

    Српската пејачка Нада Топчагиќ го вратила автомобилот „ролс ројс“, бидејќи дошла до заклучок дека сега нема да ѝ се исплати кога горивото поскапе.

    Нада на нејзиниот фејсбук-профил, очигледно после долго време, сподели фотографии од новиот „ролс ројс“ кој ѝ пристигнал, но таа сега не го сака.

    Пејачката изјавила дека новиот автомобил троши околу 25 до 30 литри гориво на 100 километри и дека го враќа бидејќи пристигнал токму во моментот на поскапување на горивото, па ќе остане верна на својот стар автомобил.

    „Конечно пристигна „ролс ројс“, феноменален е, но го враќам, бидејќи пристигна во време кога горивото поскапе, а троши околу 25-30 литри на 100 км! Сепак, се враќам на мојот „ренџ ровер““, напишала Нада и остави емотикони кои плачат од смеење.

    Пејачката со својата хит објава предизвика бројни реакции.

    „За „ролс ројс“ се има, а се нема за гориво“, „Поевтини бензиноѕ“, „Надо, кралице“, „Плачам од смеење“, „Тотален си хит“, „Што е тоа за тебе, ти тоа го можеш“, „Надица е победник на годината“, се дел од коментарите.

    Иако го вратила, како што напишала, Нада се фотографирала во „ролс ројс“:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img