More

    Над 85 отсто од населението поседува сметка во банка

    spot_img

    Минатата година 85,3 отсто од населението во земјава постаро од 15 години поседувало сметка, додека во регионот сме на второто место според финансиската вклученост. Сè повеќе наши граѓани поседуваат дебитна и кредитна картичка и сè повеќе се купува онлајн, сепак сè уште заостануваме зад европскиот просек. Ова го покажуваат најновите податоци на Светската банка од глобалната база на податоци Финдекс, коишто се однесуваат на 123 земји во светот .

    Податоците на Светската банка покажуваат дека сè повеќе расте финансиската вклученост во земјава. Во изминатите пет години таа е повисока за 8,7 отсто. Во регионот сме на второто место според финансиската вклученост, веднаш по Србија (89 отсто). Сепак, во споредба со просекот на Европа и Централна Азија заостануваме за 4,7 отсто.

    Согласно со податоците на базата Финдекс, се забележува пораст кај поседувањето кредитни картички кај нашето население за 5 отсто (22%) во 2021 година во споредба со 2017 година, како и кај користењето платежни картички за 6 отсто (43%), додека поседувањето дебитни картички е непроменето (53%). Во споредба со земјите од регионот, имаме повисок процент на користење дебитна или кредитна картичка во однос на Косово и Албанија, додека понизок во однос на Бугарија, Србија и Турција.

    Анализирано според возрасни групи, кај населението од 15 до 24 години е забележан најголем пораст во 2021 година од 18 отсто во споредба со 2017 година. Ова упатува на поголема финансиска вклученост на младите имајќи го предвид поседувањето на дебитните и кредитните картички.

    Податоците покажуваат дека населението на возраст од над 15 години кај нас сè повеќе користи мобилен телефон или интернет за онлајн-купување. Во 2021 година, 30,5 отсто од населението кај нас купува онлајн, додека во 2017 година овој процент изнесувал 16,9%. Сепак, тој сè уште е понизок во однос со земјите од Европа и Централна Азија.

    – Финансиската инклузија е од особено значење за економскиот развој на една земја, оттаму една од стратегиските цели на Народната банка е обезбедувањето повисок степен на финансиска едукација и вклученост на населението. Донесена е и се спроведува првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто има за цел да  обезбеди поголема финансиска инклузија во различни сегменти на финансискиот систем, поголемо ангажирање на регулаторните институции во однос на едукацијата и регулацијата, но и на приватните финансиски институции во однос на обезбедувањето поголема достапност и информираност за понудените финансиски услуги – велат од Народна банка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img