More

    Над 20.000 мигранти преку каналот стигнале во Британија

    spot_img

    Повеќе од 20.000 мигранти, кои доаѓаат од Франција, досега годинава го преминаа Ла Манш со мали чамци за да стигнат до Британија, јави ДПА, повикувајќи се на податоци од британската влада.

    Бројот на мигранти кои вчера го преминаа Каналот изнесуваше 607, трет пат годинава бројот на мигранти да надмине 600 во еден ден. Вкупниот број на мигранти годинава достигна 20.017.

    Минатата година британските власти регистрираа 28.526 мигранти кои пристигнале на британска територија откако го преминале Ла Манш. Минатата година во ова време бројот на овие мигранти изнесуваше нешто повеќе од 11.300.

    Досега во август се регистрирани 3.618 мигранти, од кои 1.694 пристигнале во Велика Британија во изминатата недела.

    Најголем дневен број на мигранти годинава е забележан на 1 август, кога Ла Манш го преминале 696 со 14 пловни објекти – т.е. на еден брод  во просек имало по 43 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img