Неколку навивачи на шпанската фудбалска лига Ваљадолид се соочуваат со казна за расистички навреди, соопшти шпанската комисија за борба против насилството.
Над десетина навивачи на Ваљадолид беа предмет на истрага за расистичките навреди кои му ги упатија на темниот бразилски фудбалер Винисиус Јуниор на натпреварот помеѓу Ваљадолид и Реал Мадрид.
Шпанската полиција сè уште собира дополнителни податоци за тој инцидент, иако веќе се појавија видеа на кои се слушаат расистички навреди, за кои на засегнатите им се заканува казна од 4.000 евра или повеќе и една година забрана за пристап до фудбал стадиони.
Во моментов на маса има уште еден случај каде 22-годишниот Бразилец Винисиус Јуниор беше во центарот на нападот, а се однесува на постапките на навивачите на градскиот ривал Атлетико. Имено, во пресрет на градското дерби, на мадридски мост била обесена кукла облечена во дрес на Реал Мадрид и со името на споменатиот фудбалер.