На социјалната мрежа ТикТок е објавено видео од босанската пејачка Шемса Суљаковиќ која во текот на еден свој настап изгубила рамнотежа и паднала од бината.
Босанската пејачка по падот со главата се удрила во бината, но за среќа, останала без сериозни повреди.
Пејачката во текот на настапот направила одлична атмосфера, а присутните заедно со неа пееле и се веселеле. Публиката пеела со неа во глас, а токму тоа ја понело Шемса, па започнала да им е приближува и да се весели со нив.
Но, во еден момент Шемса паднала, прво на грб, а потоа главата ја удрила на крајот од бината.
По непријатната случка се огласи и самата Шемса, велејќи дека чувствува болка во рамото и во ‘рбетот, но дека е добро и дека патува за Шведска, каде ја очекува настап.