Пјер Гасли не можеше да верува што се случува на патеката за време на Формула 1 трката во Јапонија откако трактор се појави на сред трка на патеката Сузука.
Францускиот возач на „алфа таури“ Гасли имаше што да му каже прво на својот тим, а потоа и на првите луѓе на Ф1, кои повторно направија огромна грешка.
Веќе еднаш го направија тоа, на тоа потсети возачот кога разговараше со членовите на тимот. Пред осум години животот го загуби Французинот Жил Бјанки удирајќи во трактор токму во Јапонија.
Условите за трката не беа добри, пороен дожд и слаба видливост. На самиот почеток на трката се случија неколку инциденти, па организаторите решија да ја прекинат трката. Тие не сакаа да ризикуваат, но трактор се појави додека возачите беа на патеката. Гасли беше меѓу последните кои стигнаа до својот „бокс“, а поради слабата видливост за малку ќе удреше во тракторот.
– Зошто тракторот е на патеката? Можев да умрам! Едвај го одминав. Зарем никој не се сеќава што се случи минатиот пат – извика лутиот Гасли.