Ријалите ѕвездата Клои Кардашијан привлекува големо внимание како и нејзините сестри, а обично е во центарот на вниманието поради својот турбулентен љубовен живот и неверството кое неколкупати го доживеа од кошаркарот Тристан Томпсон.
Меѓутоа, овој пат таа ги загрижила своите следбеници со тоа што на својот Инстаграм ја споделила веста дека има тумор. Клои рекла дека била подложена на оперативен зафат.
„Откако забележав мал израсток на моето лице и претпоставив дека е нешто занемарливо, решив да одам на биопсија, седум месеци откако сфатив дека сè уште е таму. Неколку дена подоцна ми рекоа дека итно мора да направам операција за да го отстранат туморот од моето лице“, рекла таа.
Откако неколкупати беше видена во јавноста со завој на лицето, а обожавателите се прашуваа зошто го носи, Клои одлучи да раскаже што ѝ се случило.
Клои истакнала и дека лекарите ѝрекле дека ваквата појава е многу ретка за личност на нејзина возраст.
Во оваа прилика, таа апелирала луѓето да одат на редовно прегледи и контроли.