Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека десетици илјади луѓе биле убиени во Мариупол и побарал од Сеул каква било воена помош.
„Мариупол е уништен, имаме десетици илјади мртви, но и покрај тоа Русите не престануваат со нивната офанзива“, рече Зеленски во обраќањето пред пратениците во јужнокорејскиот парламент.
Според него, Русија собира десетици илјади војници за следната офанзива. Тој исто така предупреди дека Русија и се заканува на Европа, не само на Украина, и дека нема да запре доколку не се запре.
Ројтерс може да го потврди големото уништување на Мариупол, но не може да ја потврди точноста на проценката на Зеленски за бројот на загинатите во градот.
Мариупол се наоѓа помеѓу источните области на Украина, кои се под контрола на сепаратистите, и Крим.
„На Украина и требаат различни воени технологии, од авиони до тенкови. „Јужна Кореја може да ни помогне“, рече Зеленски.
Тој додаде дека Русија уништила значителен дел од инфраструктурата на Украина, вклучувајќи најмалку 300 болници.
Јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вук и неговиот украински колега Олексеј Резников разговараа телефонски во петокот. Резников му се заблагодари на Суха за хуманитарната помош и побара испраќање на противвоздушно оружје.