More

    На административниот премин Јариње, меѓу Косово и Србија во моментов е мирно, а припадниците на КФОР поставиле бодликава жица зад административната линија

    spot_img

    На административниот премин Јариње, меѓу Косово и Србија во моментов е мирно, а припадниците на КФОР поставиле бодликава жица зад административната линија, додека полициски кордон е формиран од страната на границата кон централна Србија.

    Според извештаите меѓу 150 и 200 лица кои дошле од Србија, Црна Гора и Република Српска на најавената средба се собрале во близина на преминот од страната на централна Србија и биле на околу 150 метри од преминот.

    Командата на КФОР соопшти дека полициските сили биле засилени од правец на централна Србија кон преминот, што создало кордон и не им дозволило на насобраните да ја преминат административната линија. Припадниците на КФОР се од другата страна на поставената бодликава жица, каде има десетици припадници на КФОР, многу возила на КФОР, џипови и друга воено полициска техника, јавија српските медиуми.

    Досега не се регистрирани инциденти, и ситуацијата е мирна, но имало гнев кај луѓето кои не можеле да ја поминат административната линија, а дошле да им дадат поддршка на Србите од Косово.

    Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека ситуацијата во Косово „сè уште е многу напната“ и дека „едно шкорче е доволно за да се запали сè“.

    Вучевиќ за денешното издание на Курир изјави дека „очигледно е дека се води многу перфидна војна за да им се стави до знаење на Србите дека не се добредојдени во Косово и Метохија и тивко да се спроведе уште еден егзодус“, пренесува Бета.

    – Граѓаните треба да знаат дека Србија ќе остане доследна на политичкиот договор за да ги зачува мирот и стабилноста, но дека никогаш нема да дозволиме нова „Бура“ – рече Вучевиќ.

    Тој изјави дека Србија „ќе остане цврста и истрајна“ во барањето за враќање на дел од полицајците и војниците во Косово, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

    Неколку десничарски организации од Србија, Црна Гора и Република Српска за денеска најавија протест под мотото „Збор на Јариње, никогаш граница“. Митингот се одржува на деветиот ден од барикадите на Србите на Косово, и по апсењето на тројца поранешни косовски полицајци кои се обвинети за сторени воени злосторства.

    На повикот се одзваа и други ултрадесничарски организации и партии. Пристигнувањето го најави движењето Двери, а на средбата присуствува и Немања Шаровиќ од Српската радикална партија. Со слоганот „Никогаш граница, Космет е Србија“, организацијата „Народна патрола“ преку социјалните мрежи на собирот ги покани, како што истакнаа, „српските патриоти“ од Црна Гора и ентитетот на БиХ, Република Српска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img