More

    Москва се фали дека спречила терористички напад, убиени се двајца платеници

    spot_img

    Руските власти соопштија дека спречиле терористички напад спонзориран од Украина во Чегем, Кабардино-Балкарија, кој е блиску до границата на Русија со Грузија.

    Во извештајот се наведува дека двајцата осомничени се убиени. За тврдењата на руските безбедносни служби засега не се понудени докази.

    „Федералната служба за безбедност ги запре активностите на двајца претходно осудени руски државјани кои според инструкциите на украинските специјални служби подготвувале терористички акт во градот Чегем. По извршувањето на делото планирале да заминат во Украина за да учествуваат во непријателските активности против руските вооружени сили”, се вели во извештајот.

    „На местото на судирот пронајдена е импровизирана експлозивна направа со јачина од околу 2 килограми во еквивалент на ТНТ, автоматска пушка АК-74, пиштол и муниција”, додаваат тие, пренесува Гардијан. с

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img