Маж во инвалидска количка кој носел перика вчера успеал да фрли парче торта на познатата слика „Мона Лиза“ во музејот Лувр во Париз. Шлагот се размачкал по заштитното стакло со кое е обвиен познатиот портрет на жена насликан од Леонардо да Винчи. На некои од снимките, обезбедувањето го следи човекот до излезот од музејот, а тој воопшто не е потресен.
– Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Сите уметници, помислете на Земјата. Затоа и го направив тоа. Треба да се мисли на планетата – рекол непознатиот сторител, пренесе Новости.