Научници тврдат дека развиле апликација за мобилни телефони што може со висока прецизност да детектира заразеност со ковид-19 преку анализа на гласот.
Всушност, се работи за модел на вештачка интелигенција со 89 отсто точност. Како што се појаснува, цената не е висока, па може да се користи и во земји со ниски приходи каде ПЦР тестовите се скапи.
Резултатите се добиваат за помалку од една минута.
Технологијата е развиена врз основа на податоци од апликацијата „КОВИД-19 Саундс“ на Универзитетот Кембриџ, јави Скај њуз.
Вклучени се 893 аудио снимки на 4.352 здрави и болни лица. Тие дале податоци за својата историја на болести, навеле дали се пушачи, а потоа ги снимале своите респираторни звуци како кашлање и читале кратки реченици.
фото: pixabay.com