More

    Млада Бугарка: Користам превод за македонски јазик

    spot_img

    Мирела Заричинова e активистка за човекови права од Бугарија, која неодамна на Твитер им ја соопшти непријатна вистина на своите сонародници, поврзана со посебностите на македонскиот јазик.

    Мирела објаснува дека поради работата, таа во минатото патувала по целиот регионот и често престојувала и во Македонија, што ѝ помогнало да се увери во лингвистичките особености на нашиот јазик.Таа признава дека иако често патувала за Македонија не го разбира најдобро македонскиот јазик и тврди дека тие што инсистираат дека се работи за еден јазик со бугарскиот, едноставно не ја говорат вистината.

    – Патем, наречете ме предавник, но едно време кога активно патував низ Балканот, секогаш на автобуската станица во Скопје користев англиски јазик за да нема недоразбирања. А на Твитер кликам преводи на 90% од македонските твитови. Тоа едноставно не е јазик што го разбирам лесно – вели Заричинова.

    Во одговорот на коментарот на еден корисник на Твитер, кој посочи на тоа дека бугарскиот и македонскиот се блиски јазици, Мирела му врати со тоа дека ,,можеби се блиски, но секако не се исти како што тврдат некои”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img