Секогаш кога ќе се преговара позади завесата и надвор од очите на јавноста, Македонија губи. Секогаш, буквално секогаш тоа се случува, така и овој пат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Според неговите информации, двајцата блиски соработници на Бујар Османи, Агнеса Руси и Методија Белевски изминатите денови биле во Софија на преговори. Мицкоски дополнително ги повика јавноста и медиумите да постават прашање до министерот и неговите соработници за нивното присуство и преговарањете во Софија.
– Ниту едниот ниту другиот имаат стратегија пред себе, ниту едниот ниту другиот имаат приоритет да го заштитат македонскиот национален интерес, да го заштитат интересот на македонските граѓани и пред се на македонците, бидејќи во случајот овие тајни разговори се водат за идентитетот на македонците и тоа е многу важно и треба да се спомене затоа што тука се зборува за македонски јазик, за македонско културно наследство, за македонска историја, за значајни личности од македонската историја, тоа е во всушност идентитетот на македонецот – истакна Мицкоски.