More

    Мицкоски не ја поштеди Данела за нејзиниот карактер

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за А1он изјави дека градот Скопје имал многу подобри градоначалници од Данела Арсовска во оваа прва година.

    – Данела позади која застана ВМРО-ДПМНЕ победи на избори. Јас како човек сум застанал позади карактер, па не сум на крајот од денот психијатар за да можам да проценувам карактери, па дали се тие со вакви или такви склоности. Јас како претседател на политичка партија бирам победник или губам на избори – вели Мицкоски.

    Тој ја прокоментира изјавата во која Арсовска вели дека треба да се побара оставка од „Мицкоски, шпицниот градоначалник“.

    – Непријатно е да ги слушате овие работи, бидејќи сепак треба да се има едно човечко достоинство, да бидете пред се дама, да бидете мајка, да бидете сопруга, педагог и така и да се однесувате. Повторно уште еден бесплатен совет до госпоѓата Данела Арсовска да се задржи на оние принципи на кои што сум ја учел во времето на кампањата и во тој период, да биде дама, да биде госпоѓа, да биде мајка, да биде сопруга, да биде посветена на работата. Ова што сега го гледаме е спротивно на тоа – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски во интервјуто истакна дека доколку Арсовска продолжи со нереализација на концептот „За модерно Скопје“ нема да ја има неговата поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Во моментов има индиции дека не го реализира концептот „За модерно Скопје“. Сега ќе видиме ребалансот каков е, и мислам дека седницата е закажана таму некаде средината на ноември месец. Да видиме што предлага во тој ребаланс, да видиме кога ќе дојде на ред буџетот за наредната година. Да видиме што предлага таму – подвлече Мицкоски.

    Тој нагласи дека доколку Данела Арсовска го реализира она кое што е дел од концептот „За модерно Скопје“ ќе ја има неговата поддршка.

    – Доколку не го реализира концептот „За модерно Скопје“, ако продолжи да не го реализира, да еве ќе побарам. Но, ако продолжи да го реализира нема да побарам. На крајот од нејзиниот мандат кога и да се случи, бидејќи не знам дали е возможно да има предвремен престанок на градоначалник, но еве и да има можност за предвремен престанок на мандат на градоначалник, ако заврши порано тогаш можеме да судиме дали таа успеала да го реализира или не успеала да го реализира. Сега како што гледам последна година е далеку, посочи Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img