More

    Мицкоски најавува нов договор за Македонија

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Аеродром одговарајќи на новинарско прашање за став околу барањето на албанските партии преку уставните измени албанскиот јазик да стане рамноправен со македонскиот, истакна дека е подготвен да разговара за како што рече, нов договор за Македонија со кој би се избришала и нормата „20%” од Уставот, но и нормите „Бадентер” и „Балансер” за во Македонија да има фер систем во кој луѓето ќе напредуваат затоа што имаат знаење и се конкурентни а не затоа што се дел од некаква квота или бројка.

    – Aко мислите за таа норма од 20%, многу пати во минатото сум кажал, подготвен сум да седнам да разговарам со секого, но тоа е оној нов договор за Македонија за кој што треба да разговараме и за нормата „Бадентер”, за нормата „Балансер” и да имаме еден фер систем во Македонија каде што луѓето нема да напредуваат поради тоа што се дел од некаква си бројка или некаква си квота или некаков процент, туку затоа што вредат, затоа што се конкурентни, имаат знаење итн – потенцираше Мицкоски.

    Тој исто така истакна дека политичарите Албанци во Македонија треба да престанат да ги потценуваат и да ги третираат граѓаните Албанци како процент и да почнат да ги третираат како рамноправни граѓани.

    – Јас се надевам дека политичарите Албанци во Македонија нема повеќе да ги потценуваат граѓаните Албанци во Македонија и нема да ги третираат како процент, туку рамноправни како и сите други граѓани, па ке седнеме ќе договориме конечно нормите „Бадентер” и „Балансер” да бидат избришани и заедно со тоа и сите работи за кои што барања се на маса и да разговараме за тој еден нов договор за Македонија – додаде Мицкоски.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img