Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски и високото раководство на партијата, членови и симпатизери од седиштето на партијата се упатија кон црквата „Свети Спас“ за да му оддадат почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Со знамиња во рака, групата од стотици партиски членови по веќе најавена маршрута, се движи кон Калето.
Предводниците на групата носат транспарент „Гоце е Македонија“.