Минувањето на граничниот премин помеѓу Македонија и Република Бугарија, Деве Баир се одвива непречено, откако повеќе од два часа беше во застој, поради пад на системот за гранична контрола.
МВР информира дека е отстранет дефектот на системот на сите гранични премини, истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава.
Од утрово на овој граничен премин има засилени гранични контроли од страна на екипи на Министерството за внатрешни работи поради чествувањето на 151 годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев и најавите од страна на организирани групи бугарски граѓани за присуство на чествувањето во Скопје.
На граничниот премин Деве Баир се содаде тензија, а Бугарите недолично се однесуваа кон македонската
гранична полиција.
А1 он јави дека тие влегле во Македонија и дека смеат да се движат само во колона со придружба.
фото. БТА