More

    Министерството за образование објави конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент

    spot_img

    Министерството за образование и наука објави конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната/академската 2022/2023 година.

    Министерството ќе поврати дел во висина од 75 отсто од исплатените средства за купен музички инструмент, но не повеќе од 100.000 денари. Конкурсот е за купени 25 музички инструменти од редовни ученици и за 25 музички инструменти од редовни студенти, кои треба да се запишани во државните средни училишта односно на државните високообразовни установи каде што се реализира настава од областа на музиката.

    Во конкурсот објавен на веб-страницата на МОН се наведени условите што треба да бидат исполнети, потребните документи и начинот на кој треба да се аплицира за поврат на средства за купен музички инструмент.

    Рокот за поднесување на пријавите е 60 дена од објавување на конкурсот. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img