Во моментов сите сме сведоци дека институтот на застареност, практично се злоупотребува, и затоа се работи на нов Кривичен законик, каде работат на оваа проблематика да нема релативна застареност – рече министерот за правда Никола Тупанчески н годишниот брифинг за медиуми.
Во однос на застарувањето на предметите Тупанчески посочи дека менаџирање во судството не е да се договорите колкава ќе биде пресудата, туку процесот да го доведете до крај, до правосилна, конечна пресуда.
– Не може на адвокатите да им забраниме реализација на процесните права, но мора да направиме дистинкција до каде е примена на процесно дејство, а од каде е злоупотреба – изјави Тупанчески.
Министерството за правда ќе иницира законски акт документите за полагање правосуден испит да се чуваат најмалку десет години во електронска форма, наместо една година како досега, најави министерот Тупанчески.
Според заменик министерот за правда Агим Нухиу, за аферата за полагање правосуден испит без соодветна диплома, треба да се бара одговорност од Комисијата, а не од кандидатот, кој за тоа нема вина.