More

    Минатиот викенд во Португалија за прв пат видовме „бел картон“ на официјален натпревар

    spot_img

    Минатиот викенд во Португалија за прв пат видовме „бел картон“ на официјален натпревар.

    Тоа го покажа главниот судија на натпреварот од Купот на Португалија помеѓу женските екипи на Бенфика и Спортинг (5:0).

    На крајот од првото полувреме таа им го покажа белиот картон на лекарските служби на двата клуба.

    Англиските медиуми пишуваат дека ова е прв пат во историјата да се покаже ваква карта. Белиот картон е новитет во фудбалот кој има за цел да го промовира фер-плејот.

    На натпреварот помеѓу Бенфика и Спортинг тоа беше прикажано откако двете лекарски служби реагираа кога на еден од играчите му се слоши.

     

    Видео кое кружи на интернет покажува дека на медицинскиот работник не му е јасно зошто му покажале бел картон.

    Публиката, пак, реагираше со овации.

    Бенфика славеше убедливо, а по два постигнаа Ана Виторија и Џесика Силва, а останатите ги додаде Кристи Уцеибе.

    Натпреварот се одигра на стадионот „Ла Луж“ пред повеќе од 15.000 навивачи со што беше поставен рекорд во посетеност на женски натпревар во Португалија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img