More

    Милошоски: Праќаме амбасадор во ОН претходно одбиен од Вашинтон

    spot_img

    Би сакал да дадам кратка реакција и коментар на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ по однос на незаконското испраќање на Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации, вели Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Претседателот Пендаровски не ја говори вистината кога кажа дека сите законски услови се исполнети, напротив, законскиот услов од член 39 од Законот за надворешни работи за претставување пред собраниската комисија, не е исполнет и со тоа Собранието, а преку Собранието и јавноста, немале можност да извршат контрола врз извршната власт, како што е и Претседателот и самите амбасадори. Но, имам една порака, ако Претседателот Пендаровски денес одлучил заради било кои причини незаконито да го упати Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации, побрзо отколку што мислат ќе дојде денот кога Фрчкоски на законски начин ќе биде вратен во земјата – вели Милошоски.

    Поранешниот министер за надворешни работи, вели дека е недозволиво во ОН да се ипраќа личност, која претходно беше одбиена од САД, за амбасадор во Вашингтон.

    – И втората работа, досега е невиден преседан и прв пат во македонската дипломатска историја за амбасадор во Обединетите нации да се испраќа личност која што била одбиена од официјален Вашингтон како непожелен дипломат да биде амбасадор во Америка – додава тој.

    Тој смета дека ваквиот амбасадор во Обединетите нации е нарушување на угледот на македонската дипломатија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img