На Твитер е објавено видео на кое се гледа како финската премиерка Сана Марин, која е во официјална посета на Хрватска, го чека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пред врата на неговиот кабинет.
Најпрвин стоела сама, а потоа прошетала низ приемната сала гледајќи ги уметничките дела со скрстени раце на грб. Кога слушнала дека се отвора вратата низ која треба да дојде Милановиќ, се вратила до неа, но хрватскиот претседател не се појави.
Таа чекала неколку моменти, а потоа пристигнал Милановиќ, насмеан и подавајќи и ја раката, пренесоа хрватските медиуми.