More

    Метју Меконахи во Белата куќа ги покажа патиките на убиеното девојче

    spot_img

    Американскиот актер Метју Меконахи завчера на прес-конференција во Белата куќа повика на дополнителни мерки во поглед на контролата на оружјето.

    Меконахи, кој е роден во Увалде, Тексас, рече дека тој и неговата сопруга Камила Алвес поголемиот дел од минатата недела го поминале со семејствата на убиените ученици. Тој покажа што тие деца нацртале, како и зелените патики кои едно девојче ги носело секој ден и со помош на кои кои полицијата и го идентификувала девојчето. Девојчето на една од нејзините патики, на горниот дел, нацртала срце.

    – Ова се патиките со помош на кои ја идентификуваа. Не можеа да ја идентификуваат со ништо друго. Што велите на тоа – рекол Меконахи.

     

    Актерот рекол дека треба да се раскажат приказните за животите на жртвите по масакрот во основното училиште Роб, при што беа убиени 19 деца и двајца учители.

    „Знаете што сакаше секој од родителите, што бараа од нас? И понатаму да живеат соништата на нивните деца. Сакаат нивните соништа да се остварат, да направат нешто по нивната смрт. Сакаат нивната смрт да има некое значење“, рекол Меконахи.

     

    Тој додал дека постојат добри причини и можност за усвојување смислени реформи во законодавството за оружје и повикал на универзални проверки на минатите активности, зголемување на минималната возраст за купување на АР-15 на 21 година, периодот на чекање за купување АР-15 и примена на законот на црвеното знаменце дека властите имаат право да бараат привремено одземање на оружјето од лице кое на кој било начин претставува закана за јавноста.

    „Ова се разумни и практични прописи. На одговорните сопственици на оружје им е доста од некои вознемирени поединци кои го злоупотребуваат Вториот амандман. Овие прописи не се чекор назад, туку чекор напред за граѓанското општество и Вториот амандман“, рече Меконахи.

    Актерот многу детално зборуваше за убиените деца и нивните соништа. Едно дете сакало да биде морски биолог, едно се подготвувало да прочита стих од Библијата во црква, едно сакало да оди во уметничко училиште во Париз, пишува Си-ен-ен.

    „Можете да ја почувствувате трагедијата во градот. Можевте да ја почувствувате болката, разочарувањето, гневот, вината, тагата, загубата на животи, соништата кои никогаш нема да се остварат“, рече тој.

    „По употреба на пушка АР-15, се случуваат големи рани и понекогаш жртвите може да се идентификуваат само со ДНК тест. Треба искрено да се погледнеме во огледало и да разбереме кои се вистинските вредности, што навистина го цениме. Треба да бидеме храбри и почитувајте ги нашите вечни заложби, а не партиската припадност“, рече Меконахи.

    Актерот вчера разговараше со претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и имаше состанок со политичарот Кевин Мекарти. Тој им рече на новинарите дека се надева дека ќе постигне напредок за време на состанокот со пратениците за воведување дополнителни мерки за контрола на поседувањето оружје.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img