Најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, Аргентинецот Лионел Меси би можел да го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн, кој ќе се одигра на 14 февруари во Париз, пренесува „Екип“.
Аргентинскиот фудбалер се повреди на натпреварот од осминафиналето на Купот на Франција против Олимпик, кој му припадна на клубот од Марсеј со 2:1. Меси ги одигра сите 90 минути во Марсеј, а француските медиуми истакнуваат дека најдобриот фудбалер на „светците“ повредил мускул. Тој нема да настапи во сабота на натпреварот од 23. коло на францускиот шампионат против Монако.
„Екипата“ потсетува дека Килијан Мбапе, кој се уште не ја опоравил повредата, ќе го пропушти натпреварот со Баерн. Првиот натпревар од осминафиналето помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен се игра во вторник од 21 часот во Париз. Реваншот е закажан за 8 март во Минхен.