More

    Меси и пријателите слетаа во Аргентина!

    spot_img

    Авионот со аргентинската репрезентација слета во Буенос Аирес. По долгиот лет и краткиот престој во Рим, Меси и неговите пријатели во својата татковина го донесоа трофејот наменет за светските шампиони.

    Караванот со фудбалери треба да тргне од аеродромот кон главниот град на Аргентина. Локалните медиуми истакнуваат дека во Буенос Аирес се подготвува спектакуларен пречек на фудбалерите, а на улиците се очекуваат стотици илјади луѓе.

    Централната прослава ќе биде организирана пред претседателската палата Каса Розада, а Лионел Меси и соиграчите треба да се појават со пехарот на балконот од оваа зграда.

    На ова место се славеше и во 1986 година кога Аргентина ја освои титулата на СП во Мексико, а Диего Армандо Марадона им го врачи трофејот на навивачите. Аргентинците речиси цела ноќ ги чекаат своите херои, а Буенос Аирес беше поплавен од океан од луѓе.

    Аргентина по трет пат во историјата ја освои титулата светски првак, бидејќи во финалето по подоброто изведување пенали ја победи Франција со вкупен резултат 7:5. Натпреварот по 90 минути заврши без победник 2:2, а по дополнителни 30 минути беше 3:3. „Гаучосите“ триумфираа по пеналот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img