More

    Мерјем Узерли го прослави роденденот

    spot_img

    Славната турско-германска актерка Мерјем Узерли го освои светот во популарната серија „Сулејман Величествениот“ во улогата на харизматичната и амбициозна Хурем, а пред неколку дена го прослави својот роденден. Многумина беа збунети од свеќите во облик на броевите 2 и 9 на тортата, па фановите се запрашаа дали убавата актерка го слави својот 29-ти или 39-ти роденден? Вистината е дека го прослави 39-тиот, но и дека поради некоја причина сакала да ја замени свеќата 3 со онаа од бројот 2.

    Фотографиите добија 111.000 лајкови и близу 2.000 честитки за денот. На фотографиите може да се видат и двете ќерки на Мерјем.

    Актерката која ги натера сите жени на светот да почнат да ја бојадисуваат косата во црвена боја блесна во бебешки син корсет, кој го спои со здолниште во иста боја кое имаше цветен дезен во крем. Таа одамна не е црвенокоса, а косата во боја на мед и беше обликувана во делумни пунџи и носеше голем букет цвеќе што и донесе насмевка на лицето.


    На следните фотографии Мерјем е облечена во бела тантела и краток летен фустан, а на косата имаше венец од природни цвеќиња, додека во скутот држеше уште еден букет. На следните фотографии има две торти, а според фотографиите може да се заклучи дека славната Хурем го прославила својот роденден во топлината на семејниот дом.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img