Американска медицинска сестра која помага на првите линии во Украина вели дека се надева дека Владимир Путин ќе биде изведен пред лицето на правдата за неговите „ужасни злосторства“. Џенифер Муле се наоѓа во регионот на Доњецк и помага во Првата доброволна мобилна болница Пирогов.
– Ми недостигаат моите деца, ќерките ме разбираат и веруваат во оваа борба. Целосно ме поддржуваат и знаат дека работам важна работа – изјави Муле за Ројтерс.
А потоа таа зборува во врска со Путин безмалку религиозно:
– Се молам тој да биде изведен пред лицето на правдата за овие …ужасни злосторства. Но, уверенa сум дека ако правдата не го стигне во овој живот, Путин ќе одговара во неговиот задгробен живот бидејќи Исус е лут на него и тој доаѓа по тебе, Путине, тој доаѓа.
Муле до мај месец годинава работела како сестра за итни случаи во Лос Анџелес а потоа на повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски се пријавила и дошла на фронтот во Украина. Таа буквално ги зема ранетите војници од фронтот додека наоколу експлодираат бомби. Во видеото што го објави Ројтерс таа работеше со повредени во Доњецк.
„Земи го човекот со повредени гради“, викала таа кон колегите додека од медиумот пробувале да ја земат изјавата, пишува Ројтерс.