„Велат дека тоа може да се случи сосема случајно: Не го сакавме тоа. Што да се каже на тоа: Не заборавете дека и Европската Унија има нуклеарни централи. И таму може да се случат несреќи“.
Вака на Телеграм напиша поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев за случувањата околу нуклеарната централа Запорожје во Украина која постојано бива гранатирана.
„Тие (Киев и сојузниците) велат дека руските сили ја напаѓаат централата. Тоа е 100 отсто бесмислено, дури и за глупавата русофобна јавност“, додава Медведев, кој сега работи како заменик претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација.
Киев тврди дека руските сили го гранатираат тоа подрачје, иако најголемата нуклеарна централа во Европа е под руска контрола од март.