More

    Медведев: Членството на Молдавија во ЕУ е можно, не директно, туку преку создавање на „новата Голема Романија“Медведев

    spot_img

    Членството на Молдавија во ЕУ е можно, не директно, туку преку создавање на „новата Голема Романија“, вели заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. Тој го коментираше долгогодишното лобирање на дел од политичарите во Романија за присоединување на Молдавија и покрај фактот што во источниот дел, во регионот Придњестровје живеат Руси и стационирани се руски мировници.

    – Молдавија влезе во долгата редица за пристапување во ЕУ, долга низ децении. Епа нека ви е лесен патот! Но, тие сакаат да оди побрзо! Затоа, постои уште еден начин да се добие членство во ЕУ: создавање на нова Голема Романија (Романија Маре) – рече политичарот на својот канал Телеграм, одговарајќи на прашање на агенцијата ТАСС за тоа колку брзо Молдавија би можела да се приклучи на Унијата.

    Тој истакна дека „романските политичари долго време политички танцуваат во кругови низ Молдавија“.

    – Денеска тоа се случува буквално – посочи тој.

    – Првиот заеднички состанок на молдавскиот и романскиот парламент го финализираа пратениците танцувајќи се држејќи се за рака. Изгледаше прилично забавно – додава Медведев.

    – Сепак, последиците можат да бидат помалку смешни.

    Според Медведев, тоа ќе има последици за Молдавија, вклучително и повисоки цени на енергијата и нарушувања во снабдувањето со други ресурси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img