Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев ги нарече Евреите изроди кои „биле и останале нацисти“. Тој му замерува на Израел затоа што ѝ вети оружје на Украина.
„Тоа е многу непромислен чекор. Ќе ги уништи сите меѓудржавни односи со другите држави. Да не зборуваме за фактот дека тие изроди биле и останаа нацисти. Доволно е само да се погледне симболиката на нивните современи следбеници. Ако им биде обезбедено оружје, тогаш Израел има право да ги прогласи (Стјепан) Бандера и Шухевич за свои херои“, напиша тој на Телеграм.
Претходно израелскиот министер за дијаспора Нахман Шаи изјави дека Израел треба да започне со воена помош за Украина. Кажа дека од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, Израел само му доставува на Киев хуманитарна помош и средства за заштита на вработените во државните служби во итни ситуации. И Франција неодамна најави помош за Украина. Тие нудат и обука за украинските војници.